More

    Репортери без граници: Убиството на новинар на Ројтерс во Либан беше резултат на насочен напад од правец на Израел

    spot_img

    Репортери без граници (РСФ) во неделата објавија дека убиството на новинарот на Ројтерс Исам Абдалах во Либан на 13 октомври е резултат на насочен напад од правец на израелската граница.

    „Според балистичката анализа спроведена од РСФ, истрелите дошле од исток од местото каде што стоеле новинарите; од правец на израелската граница. „Два напади на исто место во толку краток временски период (малку повеќе од 30 секунди), од иста насока, јасно укажуваат на прецизно таргетирање“, велат од РСФ.

    РСФ објави реконструкција на трагедијата која резултираше со смрт на еден новинар и ранети неколку други. Првите наоди од истрагата покажаа дека новинарите не биле колатерални жртви на пукањето. Мета беше едно од нивните возила со ознака „прес“, а исто така беше јасно дека во групата до него има и новинари.

    Израелската војска соопшти дека не била намерно насочена кон новинари и дека го истражува инцидентот на 13 октомври. Ројтерс побара коментар од израелските одбранбени сили за извештајот на РСФ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img