Хезболах денеска за прв пат од почетокот на војната лансираше ракета земја-воздух за да собори израелско беспилотно летало, пренесува Ал Џезира.
„Ова покажува дека Хезболах започнува нова фаза во предизвикување на израелската армија и интензивирање на конфликтот, наместо да ја одржува размената на оган на 2-4 километри“, изјави воениот експерт Илија Магниер за Ал Џезира.
„Како одговор, Израел бомбардираше подлабоко во либанската територија за да го погоди изворот на лансирањето, бидејќи не може да си дозволи да ги гаѓа нивните „очи“ на небото (дронови)“, рече тој.
Во изминатите три недели, судирите меѓу Израел и Хезболах останаа ограничени по обем и географија, главно фокусирани на изолирани области во близина на границата. Сепак, експертите велат дека двете страни сега ги прошируваат своите целни области.
Во неделата ракетите истрелани од Хезболах стигнаа до северниот град Кирјат Шмон и погодија една куќа, јавуваат израелските медиуми.