Се фрлате и се вртите во кревет и не можете да заспиете? Јадете ориз, советуваат диететичарите.
„Хранливите материи кои се корисни за спиење се наоѓаат во храната богата со јаглехидрати. Тоа се, на пример, витамин Б6 и растителни влакна“, нагласи диететичарот Карман Мајер, според N1 Сараево.
Според неа, јаглехидратите можат да бидат добри за вашите соништа, но понекогаш можат да им наштетат – во зависност од тоа дали зборуваме за сложени или едноставни јаглени хидрати и со што се комбинирани.
„Јаглехидратите со висок гликемиски индекс, како што е оризот, можат да помогнат во подобрувањето на производството на мелатонин, хормон за спиење кој помага во регулирањето на внатрешниот часовник на телото“, истакна диететичарката Џули Пејс, според N1 Сараево.
Студијата од 2020 година на 60 Јапонци, објавена во списанието Nutrients, покажа дека оние кои консумирале ориз во сите три главни оброци во денот во текот на два месеци пријавиле подобар квалитет на сон.
Оризот содржи и магнезиум – повеќе го има во кафеавиот отколку во белиот. Магнезиумот помага во намалување на нивото на стрес и промовира чувство на смиреност и релаксација, што може да им помогне на поединците побрзо да заспијат.
Во исто време, оризот сè уште е една од поевтините намирници на пазарот, која може да се комбинира со повеќето јадења.