На 43. Интернационален театарски фестивал „Борини позоришни дани” наградата „Борисав Станковиќ“ за најдобра машка улога му беше доделена на македонскиот актер на Никола Ристановски за ликот на д-р Томас Стокман во претставата „Народен непријател” од Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ, а во продукција на Македонскиот народен театар – Скопје.
„Никола Ристановски во улогата на д-р Томас Стокман рискантно и дрско го спојува неспоивото: најдрската превртливост и пеливанската балканска итрина. Игра човек кој како денешниот слеп Едип незапирливо ја напаѓа општествената неправда и тврдоглаво истрајува во битките за правда, до работ на Бекетовите кловнови, отфрлен од сите и упорен во тоа”, сае вели во образложанието на жири-комисијата.