Во големата акција на МВР под кодно име „Синџир“ се вршат претреси и апсења низ повеќе градови низ Македонија. Како што дознава редакцијата Охридскај рано изутрина припадници на специјалните единици на МВР упаднале во домот ни во деловните простории на позната транспортно градежна фирма во Охрид.
Неофицијално, Охридскај дознава дека се работи за организирана мрежа на даночно затајување и перење пари, а се дејствува во насока на обвинителот при Обвинителството за организиран криминал и корупција.