Бројни јавни личности се простуваат од актерот Метју Пери, кој почина во саботата во Лос Анџелес. Канадскиот премиер Џастин Трудо испрати проштална порака, а со актерот имаше интересен однос.
„Заминувањето на Метју Пери е шокантно и тажно. Никогаш нема да ги заборавам игрите во училишниот двор што ги игравме и знам дека луѓето ширум светот никогаш нема да ја заборават радоста што тој им ја донесе“, напиша Џатин Трудо за Метју Пери.
Метју Пери и Џастин Трудо учеле во училиштето Роклиф Парк во Онтарио. Актерот зборуваше за тоа во 2017 година во шоуто на Џими Кимел, откривајќи ги следните детали:
„Мојот пријател Крис Мареј ме потсети на ова, ние всушност го претепавме Џастин Трудо. Двајцата го претепавме. Мислам дека тој беше одличен во спортот во којшто ние не бевме, така што тоа беше чиста љубомора. Па го претепавме. Не се фалам за ова, ова е страшно. Бев глупаво дете“.
Трудо му одговори: „Размислував за тоа, и знаете што, кој не сакаше да го удри Чендлер? Што велиш за реванш, Метју Пери?“.