Речиси нема гранка во земјоделството која не е колена во последните 7 години, вели Цветан Трипуновски, претседател на комисија на ВМРО-ДПМНЕ за земјоделство, шумарство и водостопанство на денешната дебата насловена „Важно е македонските земјоделци да ја хранат Македонија”. Тој се осврна и на протестите на јаболкарите, оризарите и на млекарите изминатите години.
– Практично од она кое што го ветуваа не спроведоа ништо. Единствено ги интересира личниот профит и бизнис интересите во четири очи, а за земјоделците оние кои што треба да ја хранат Македонија и да извезуваме земјоделски производи едноставно не спроведоа ништо. За потсетување ако Македонија во минатото била извозно ориентирана и сериозен девизен прилив се слевало во нашиот буџет од извоз на земјоделски производи и нормално Македонија била снабдена со квалитетен здрав македонски производ, денеска гледаме дека Македонија е речиси комплетно увозна зависна. Еве еден податок 2022 година повеќе од 700 милиони евра се одлеале македонски девизи за увоз на храна, она што значи увоз на храна со сомнителен квалитет и увоз на храна која што македонските граѓани ја плаќаат со многу повисоки цени, а македонското производство е десеткувано односно е во исчезнување – изјави Трипуновски на трибината во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените”.
Тој се осврна и на уште ден друг податок.
– Уште еден податок за лошата политика која ја води министерството односно владата предводена од СДСМ и ДУИ е тоа дека ако во минатото 2013-2014 година во Република Македонија во регистарот имало преку 100.000 регистрирано земјоделци, денеска имаме помалку од 60. 000 тоа е конкретен показател дека во Република Македонија земјоделството и категорија македонски земјоделец се во сериозно исчезнувањ – додаде Трипуновски.