More

    Фановите беа загрижени за зависноста на Метју Пери од дрога и од алкохол

    spot_img

    Една од последните фотографии кои ги објави актерот Метју Пери денови пред да почине ги загрижи неговите фанови. Комичарот кој го помниме по улогата во „Пријатели“ имаше само 55 години и проблеми со зависност од дрогата, а беше најден во неговото џакузи, иако засега нема траги од кривично дело.

    Но, Пери на Инстаграм пред шест дена објавил фотографија од џакузи, неколку дена пред смртта и напишал: О, нели топлата вода што се врти наоколу ве прави да се чувствувате добро? Јас сум Метмeн“.

     

    Кој е тој Метмен? Метмен“ упатува на прекарот на Мејту, Мет, и на ликот Бетмен. Меѓу последните нешта кои ги постираше беа и снимки со овој Бетмен, односно Метмен. Во една објава Пери им напишал на следбениците дека не треба да се грижат бидејќи „тој вечерва го чува градот, го гледа од висока зграда“.

    „Дали си добро“, „Дали да се грижиме“, се само дел од коментарите под сите објави на Инстаграм на актерот. Тој прикачил и видео од три зрна од брусница, а напишал дека само тоа му била храната за еден ден.

     

    И сето тоа Метју Пери го објавил по објавени симпатични фотографии со неговиот татко. Тој 15 пати бил  на рехабилитација во врска со проблеми со дрогата, а потрошил девет милиони долари за да се ослободи од зависноста.

     

     

    Некои негови следбеници шпекулираа дека можно е да се работи за давење под дејство на опијати. Ваквата верзија на смртта, на пример, му беше припишувана на мистериозниот случај со смртта на пејачката на Кренберис, Долорес О’Риордан.

    Според непотврдени информации, Пери наводно доживеал срцев удар во џакузито во неговиот дом во Лос Анџелес.

    Во своите мемоари, Пери напиша како почнал да пие кога имал само 14 години:

    – Светот имаше смисла, се чувствував мирно, немаше лудило. Никогаш не бев посреќен од тој момент – рече тој за своето искуство растејќи во Масачусетс и за своето прво искуство со алкохол.

    А тој имаше сосема нова сензација кога за прв пат земал лек против болки за време на повреда на скијање додека снимал филм во 1997 година.

    „Како што делуваше таблетата, нешто во мене кликна. И го барав тој клик до крајот на мојот живот … Не можев да верувам колку добро се чувствував. Тоа беше целосна еуфорија и чувство на комплетност“, се сеќава тој во книгата „беше сам на врвот на светот.

    „Тоа беше најдоброто чувство што сум го имал“.

    Тој додаде:

    „Година и пол подоцна, земав педесет и пет од тие таблети дневно! Имав 58 килограми кога се пријавив на рехабилитација, животот ми беше во урнатини“.

    Иако актерот никогаш не дошол на снимање на познатата серија „Пријатели“ пијан, актерката Џенифер Анистон која ја глумеше Рејчел, на крајот му ја воочила оваа работа меѓу снимањата.

    Знам дека пиеш “, рече таа, а јас бев збунет – „Од каде знаеш? Ја прашав, никогаш не сум дошол на работа пијан. „Те чувствуваме, те мирисаме“, рече таа на чуден љубовен начин, но да го кажам тоа во множина, ме удри како чекан“, опиша тој во книгата.

    Откако двапати се пријави на рехабилитација додека работеше на познатата серија, во 1997 година и повторно во 2001 година, Пери беше „чист“ само за време на снимањето на деветтата сезона на „Пријатели“.

    „Тоа беше единствената година кога бев целосно трезен додека траеше снимањето на серијата“, напиша Метју.

    Продуцентската куќа Ворнер Брос се прости од својот долгогодишен пријател на следниот начин:

    „Влијанието на неговиот комичен гениј се почувствува низ целиот свет и неговото наследство ќе живее во срцата на многумина. Ова е тажен ден и ние ја испраќаме нашата љубов до неговото семејство, како и до неговите најблиски и сите негови верни обожаватели“, соопштија од Ворнер Брос.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img