More

    Нов закон на Европарламентот може да „набрка“ многу слични компании од Унијата

    spot_img

    Кока-Кола објави дека ќе им се придружи на десетината западни компании кои ќе си одат од Русија, а меѓу нив и Фанта, Спрајт и Швепс. Истовремено, руската варијанта „Добри Кола“ ја престигна Кока-Кола во продажбата за првата половина од годинава. „Добрата“ Кола се најде меѓу првите 50 компании во Русија, а Кока Кола не.

    Во Русија до август годинава растот на нови фирми воопшто е поголем од ланскиот – 7.337 нови брендови, споредено со 6.942 во истиот период од 2022 година.

    Плусинфо веќе пишуваше дека од сите западни фирми Бургер Кинг одбива да си оди од Русија, а се шпекулира дека причината, освен сложените сопственички односи во компанијата, е и добрата заработка на оваа компанија. „Бургер Кинг го одржува режимот на Путин“, гласеа некои од коментарите на западни аналитичари.

    Но, Кока-Кола може да си оди од Европа, барем шишето со таквиот потпис! Ова е поради закон кој на 24 октомври го изгласа Европскиот парламент, објави Еурактив. Законот предвидува шишињата на сите компании да имаат унифицирана тежина и волумен, односно тие да се сведат на минимум, а со тоа да се намали загадувањето на животната средина.

    Ова значи дека производите на различни компании ќе почнат да изгледаат исто, да станат непрепознатливи една од друга, што може да има негативни последици за бизнисот.

    Претставништвото на компанијата Кока-Кола во ЕУ во Брисел засега одбива да го коментира нацртот на новиот закон, наведувајќи дека ги истражува импликациите за нејзините производи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img