More

    Нетанјаху одбил да ги потпише плановите за напад

    spot_img

    Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одбил да ги потпише плановите за копнена операција во Појасот Газа, подготвени од војската, стравувајќи од одговорност доколку таа не успее, пишува Њујорк Тајмс, повикувајќи се на израелски извори.

    Политичкото и военото раководство на Израел сѐ уште не одлучило како, кога и дали е воопшто неопходно да се изврши копнена операција во Појасот Газа, јавуваат американските медиуми.

    Израелската армија, распоредена на границата со Појасот Газа, е подготвена да дејствува, но политичките и воените лидери не можат да се договорат за решение, пишува Њујорк Тајмс, додавајќи дека операцијата се одложува за да се даде повеќе време за преговори за ослободување на заложниците кои ги држи Хамас во Појасот Газа.

    „Военото раководство ги заврши плановите, но Нетанјаху одби да ги потпише, што ги налути високите офицери“, тврдат извори за американскиот весник.

    Одбивањето на Нетанјаху е делумно поврзано со неговата желба да добие едногласно одобрение од членовите на воениот кабинет, објаснува Њујорк Тајмс.

    „Аналитичарите веруваат дека Нетанјаху се плаши еднострано да ја одобри акцијата, бидејќи поради падот на довербата на јавноста во неговото водење на владата, тој се плаши дека ќе биде обвинет доколку операцијата не успее“, нагласува весникот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img