Речиси половина од Израелците сакаат Израел да се откаже од каква било инвазија на Газа, покажува новата анкета објавена денеска во весникот „Маарив“.
На прашањето дали армијата треба веднаш да започне копнена офанзива од големи размери, 29% од Израелците се согласиле, додека 49% рекле дека би било подобро да се почека, а 22% се неодлучни.
Резултатите од последната анкета објавена во „Маарив“ покажуваат значително намалена поддршка за големата офанзива во споредба со минатонеделната анкета во која 65% од испитаниците се изјасниле дека се за воена интервенција во Појасот Газа.