More

    Министерството за здравство во Појасот Газа ги објави имињата на 6.747 лица, меѓу кои 2.665 деца

    spot_img

    Министерството за здравство во Појасот Газа ги објави имињата на 6.747 лица, меѓу кои 2.665 деца, убиени во израелските воздушни напади, еден ден откако американскиот претседател Џозеф Бајден го доведе во прашање бројот на жртвите во конфликтот, пренесоа агенциите.

    Бајден им рече на новинарите во Белата куќа дека „не добива впечаток дека Палестинците ја кажуваат вистината за бројот на убиени луѓе“, додавајќи дека е сигурен дека „невините се убиени“ и дека тоа е цената на водење војна. .

    Како одговор, Министерството за здравство во Газа објави извештај од 210 страници во кој се наведени имињата, возраста, полот и личните броеви на лицата убиени во палестинската енклава.

    Најавено е дека наскоро ќе биде објавена англиската верзија на листата.

    Во извештајот се наведува дека од 7 до 26 октомври биле убиени 7.028 Палестинци, меѓу кои 2.913 деца. Повеќе од 500 се неидентификувани.

    Израел започна воздушни напади врз Појасот Газа по прекуграничните напади на негова територија. Во тие напади беа убиени повеќе од 1.400 Израелци.

    Израел ги затвори границите за да не можат да влезат странски новинари и хуманитарни работници.

    ОН и другите меѓународни институции и експерти, како и палестинската управа на Западниот Брег, која е ривал на Хамас, вложуваат многу напори за пребројување на загинатите во најтешки услови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img