Манекенката и актерка Емили Ратајковски (32), откако се разведе од прељубникот Себастијан, не мирува. Сексапилната манекенка неодамна била снимена како страсно се бакнува со францускиот актер Стефан Бак.
Емили престојувала во Париз, а медиумите ја снимиле во текот на посетата на еден угостителски објект каде пиела вино во друштво на Бак.
Супермоделот изгледаше прилично вљубено во 27-годишната француска ѕвезда, додека се бакнуваа држејќи чаши вино. Новиот пар беше виден како се гледа в очи пред да се бакнуваат во врат, уживајќи во чаша вино и цигара на улица. Бак дрско го зграпчил задникот на Емили.
По дружењето со вечера, парот одлучил да излезе на улица држејќи чаша вино во рацете, а Стефан пушел цигара. Парот подоцна прошетал на улиците на Париз, а Емили носела букет црвени рози во рацете.
Како што можело да се забележи, двајцата изгледале вљубено и среќно, а потоа следеле и страсни бакнежи среде улица.
За потсетување, Ратајковски беше 4 години во брак со Себастијан Бер-Меклард, од кој се разведе во 2022 година. Оттогаш манекенката беше забележана со неколку мажи во јавност помеѓу кои и Пит Дејвидсон, Ерик Андре, Оразио Риспо, Џек Грир и Хари Стајлс.