На денешната седница за пратенички прашања во Собранието пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки постави две прашања до премиерот Ковачевски, дали е запознаен дека во институцијата со највисока доверба кај граѓаните има највисоки офицери кои изнудувале сексуални услуги од нивните подредени колешки и дали ќе побарате оставка од министерката Петровска за не превземање а со тоа и стимулирање на вакви и слични појави во иднина? И второто прашање до премиерот е кога ќе го разреши Оливер Спасовски.
– Половина влада ја нема па прашањата ќе ги упатам до премиерот. Две прашања имам. Покрај појавата за плаќање кеш и давање мито за мисии во АРМ има сериозни случаи на злоупотреба на службената позиција и сексуално малтертирање на офицерки и воени лица од страна на високи офицери. Истите високи офицери за возврат им ветувале школување на воената академија и други бенефити. Трагајќи по главните митаџии во министерството за одбрана во телефонот на уапсено лице се пронајдени докази односно постојат фото и фоно записи со кои се потврдува злоупотребата за службената позиција од страна на генерал и полковник и за истото е информирана министерката за одбрана, и Стево Пендаровски кој не покажал интерес за ништо. Зошто министерката и Пендаровски не превземаат ништо? Тие одлучија да молчат. Премиере дали вие сте запознаени дека во институцијата со највисока доверба кај граѓаните имате највисоки офицери кои изнудувале сексуални услуги од нивните подредени колешки и дали ќе побарате оставка од министерката Петровска за не превземање а со тоа и стимулирање на вакви и слични појави во иднина? И второто прашање е кога ќе го разрешите Оливер Спасовски – праша Ковачки.