Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во ноември ќе престојува во официјална посета на Србија, дознава N1.
Не е познат точниот датум на посетата на Столтенберг.
Она што се знае е дека генералниот секретар на НАТО ќе пристигне на 19 ноември во официјална посета на Босна и Херцеговина.
Тоа е негова прва посета на БиХ, потврдија за Радио Слободна Европа (РСЕ) од Министерството за надворешни работи на БиХ.
Причината за неговото доаѓање во Босна и Херцеговина не е прецизирана.
Ден подоцна, на 20 ноември, шефот на НАТО ќе се сретне со претставниците на Босна и Херцеговина.