More

    Џафери ги повика политичките партии навреме да се договорат за терминот за одржување на претседателските и парламентарните избори следната година

    spot_img

    Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска ги повика политичките партии навреме да се договорат за терминот за одржување на претседателските и парламентарните избори следната година се со цел почитување на законските и уставните рокови.

    – До Нова Година треба да имаме консензус во однос на претседателските избори. Парламентарните избори се друга приказна и важат други процедури и други рокови и има време до февруари, март – истакна Џафери на денешниот брифинг со новинарите.

    Тој беше јасен дека инаугурацијата на Претседателот на државата треба да биде на 12 мај 2024 година, а Изборите се одржуваат во последните 60 дена на тековниот мандат.

    Ако партиите немаат согласност и калкулираат, вели тој, јас тоа нема да го оставам така, нема да дозволам да се излезе надвор од она што е пропишано.

    – Должен сум тоа да го направам и да обезбедам дополнително време за да не останеме без претседател – рече Џафери.

    За претседателските избори 60-те последни дена се во рамки на датумите 14 март и 12 мај 2024 година, па според тоа првиот круг би можел да биде најрано на 14 март 2024 година, а вториот најдоцна 8 мај 2024 година.

    Можни датумии според Џафери се:

    – Прв круг: на 14 март, 28 март, 11 април и 25 април.

    – Втор круг: 28 март, 11 април, 25 април и 9 мај (критичен датум бидејќи инагурација ќе треба да биде на 12 мај).

    Изборите за претседател се одржуваат во последните 60 дена на тековниот мандат на шефот на државата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img