Рускиот претседател Владимир Путин на состанокот со руските верски лидери предупреди на опасноста од проширување на конфликтот на Блискиот Исток и многу подалеку.Тој истакна дека не е во ред невините жени, деца и стари лица во Газа да се казнуваат за туѓи злосторства пренесува Ројтерс.
-Нашата главна задача е да го запреме крвопролевањето и насилството. Во спротивно, понатамошната ескалација на кризата може да доведе до тешки, крајно опасни и деструктивни последици. И не само за Блискиот Исток. Конфликтот може да се прелее многу подалеку од границите на Блискиот Исток – рече Путин.