Кошаркарот на Далас, Лука Дончиќ со историски трипл-дабл ја започна новата сезона во НБА. Словенецот забележа 33 поени (13/25 од поле, 3/11 тројки), 13 скока и 10 асистенции во победата на неговиот тим против Сан Антонио со 126:119.
Дончиќ е само третиот кошаркар во историјата на НБА кој на отворањето на сезоната постигнал до трипл-дабл учинок со најмалку 30 поени. Освен него, тоа го имаат направено само Оскар Робертсон (1961 и 1966) и Џенис Адетокумбо (2019).
Овој натпревар беше интересен бидејќи на другата страна во дресот на тимот на Грег Попович дебитираше првиот пик на годинешниот драф, Виктор Венбањама, кој имаше 15 поени (6/9) на неговиот прв официјален натпревар во НБА лигата.
Покрај Дончиќ, во триумфот на Далас се истакнаа и Кајри Ирвинг со 22 поени, Грант Вилијамс и Тим Хардавеј кои додадоа по 17 како и Дерек Лајвли кој постигна 16 со 10 скока.
Во тимот на Сан Антонио најефикасен беше Девин Вазел со 23 поени, Келдон Џонсон постигна 17 со 9 скока и 7 асистенции, додека Тре Џонс постигна 16.
Дончиќ го реши мечот со фантастична тројка преку двајца противнички кошаркари.
Ден претходно и српскиот кошаркар, Никола Јокиќ ја отвори сезоната со „трипл-дабл“ (29 поени, 13 скока и 11 асистенции) и беше лидер во победата на Денвер против ЛА Лејкерс (119-107). За Јокиќ ова беше 106-ти трипл-дабл во кариерата и сега е на 6.место на вечната листа во НБА со само еден помалку од Леброн Џејмс и Џејсон Кид.