Анастасија Ражнатовиќ речиси не пропушта ниту еден натпревар на кој игра нејзиниот сопруг, фудбалерот Немања Гудељ, а завчера присуствуваше на еден од нив.
Ќерката на пејачката Цеца Ражнатовиќ на Инстаграм објави фотографија од трибините, а поради стајлингот, таа изненадила многумина.
Иако сме навикнати да ја гледаме средена, овојпат Анастасија се одлучила за едноставно издание.
Таа облекла бел дуксер со качулка на глава и направила селфи-фотографија од стадионот.
Да потсетиме, Небојша Гудељ, таткото на фудбалерот Немања Гудељ, првпат јавно проговори кога станува збор за свадбата на неговиот син и Анастасија Ражнатовиќ, ќерката на Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Познатиот фудбалер и сега тренер сака да стави крај на инсинуациите за прославата за која јавноста се шпекулираше дека ќе биде до крајот на оваа година, а детално го откри ставот на неговото семејство околу тоа.
– Притоа, морам да се оградам и да реагирам на тоа дека не е вистина и не е првпат некој да шири лаги и глупости за моето семејство. Нека ги остават семејството и децата да живеат нормално и да напредуваат во нивните животи. Никој нема да одлучува наместо нас за нашите принципи на живот, датуми, места и други детали, а први кои ќе дознаат за тоа се секако родителите, потоа семејството и пријателите. Оваа година нема свадба и дека ќе биде во Белград, бидејќи не сме разговарале за тоа. Во нашето семејство постои хиерархија која се почитува и ние како семејство секојдневно комуницираме. Дури и кога не се слушаме, одлично се разбираме и имаме свој идентитет и култура што сме ги создале низ нашиот пат и живот во нашиот процес и животна визија – изјави Гудељ, а пренесува „Курир“.