Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи денеска ги обвини САД дека управуваат со израелските напади врз Појасот Газа.
– САД управуваат со злосторството што се врши во Газа. Америка дефинитивно е соучесник на криминалците – наведе Хамнеи.
Тој додаде дека рацете на Американците се „извалкани со крвта на угнетените, децата, пациентите, жените и други“.
– Нека знаат сите дека во ова прашање и во идните прашања, палестинската нација е победник, а идниот свет е светот на Палестина, а не светот на ционистичкиот режим – посочи Хамнеи.
По нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври и почетокот на конфликтот, САД во источниот Медитеран за поддршка распоредија два носачи на авиони и бродови.