More

    Владата ја промени одлуката за задолжување на домашниот пазар и наместо како што се планираше дома да се задолжи со 350 милиони евра, сега ќе се задолжи со 502 милиони еврa

    spot_img

    Владата ја промени одлуката за задолжување на домашниот пазар и наместо како што се планираше дома да се задолжи со 350 милиони евра, сега ќе се задолжи со 502 милиони евра. Од владата велат дека е планирано нето задолжувањето кај домашните кредитори во текот на оваа година да се зголеми за над 150 милиони евра, но експерти и економисти велат дека е оправдано само ако за тој износ се намали надворешното задолжување на државата и ако каматните стапки кои ќе ги плаќаме се пониски од оние на надворешниот пазар. Дел од нив велат дека оваа одлука само покажува дека финансиската состојба на земјата е многу лоша и се движи кон полошо.

    Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини смета дека самата постапка што владата бара дополнително да се задолжува говори за лошата финансиска состојба во земјата.

    – Тие се во тешка финансиска состојба и се обидуваат на секој начин да го прикријат тоа. Но самата одлука според која бараат дополнително да се задолжат ги демантира и говори дека нешто не е во ред со буџетот и дека состојбата на економијата оди кон лошо што пак се покажува и со статистичките податоци. Индустриското производство неколку месеци е во минус, расте долгот, а по оваа одлука ќе расте и инфлацијата бидејќи е под притисок на потребата за увоз на храна и енергенси. Меѓународните финансиски институции веќе ги намалија прогнозите за растот на БДП што е далеку од првичните планови на владата за раст на економијата од 5,4% – вели Хајредини.

    Економистот Маријанчо Николов гледа оправдување во ваквата одлука само во пониските каматни стапки на домашниот пазар, но се сомнева дали владата може да носи промени на рамката на буџетските расходи и дефицитот, зашто тоа е задача само на Собранието.

    – Не сум сигурен дали владата може да го прошири задолжувањето на домашен пазар бидејќи изгледот на финансирање на дефицитот се дава во рамка која ја донесува Собранието. Не е познато дали со оваа промена владата планира да го намали задолжувањето на странските пазари и колку оваа промена ќе влијае на дефицитот. Единствено објаснување за оваа постапка е дека каматните стапки во земјава се пониски од оние кои би се добиле на странските пазари бидејќи еурборот (европската основна каматна стапка) од 4%, а при утврдувањето на каматата на основната се додаваат фиксната или варијабилната камата. Дополнително владата најверојатно смета да издава долгорочни хартии од вредност и со тоа да го намали вкупното задолжување што пак е политика на одложено задолжување и ја намалува можноста од задолжување на домашниот пазар во иднина – вели Николов.

    Тој смета дека ваквата одлука на владата нема да влијае на банкарскиот сектор кој најчесто вложува дел од парите во државни хартии од вредност бидејќи се посигурни отколку да дава кредити на компаниите.

    – 150 милиони евра не се голема сума на пари кои банките би ги ангажирале во државни обврзници, бидејќи тие се доволно ликвидни и можат, се разбира според сопствената кредитна политика, да го кредитираат стопанството. Сепак се надевам дека тоа нема да влијае на потенцијалот на банките да го кредитираат стопанството – вели Николов.

    Тој додава дека владата при ваквите одлуки треба да внимава на состојбите во светот и како тие ќе се одразат врз домашната економија.

    Познат експерт, пак, вели дека ваквата одлука на владата ќе биде на штета на штедачите, бидејќи банките се стимулираат да одржуваат ниски каматни стапки.

    – Владата најде елдорадо на домашниот пазар и на ваков начин. Познато е дека за разлика од другите држави нашите банки имаат ниски каматни стапки и тоа го користи владата во дослух со банките за да продолжи да се задолжува по ниски каматни стапки што пак е на штета на штедачите кои од банките добиваат исто така ниски камати за своите пари – вели тој.

    Појаснувајќи ја владината одлука со која се зголемува максимално дозволениот износ на задолжувањето преку државни хартии од вредност на домашниот пазар министерот за финансии Фатмир Бесими денеска рече дека се остава простор доколку треба да обезбедиме депозити на крај на година за да ја одржиме макроекономската стабилност да можеме да реагираме и на домашниот пазар, покрај на меѓународниот.

    Тој рече дека е клучно што Буџетот и номинално гледано останува на исто ниво во однос на растот и во однос на дефицитот.

    – Тие се плански проекции што се ставаат во Буџетот што даваат можност за подобра реализација на плановите што се поврзуваат со фискалната стратегија – рече Бесими.

    Тој потсети дека веќе е обезбеден пакет од 600 милини евра по програми од меѓународни финансиски институции.

    Во врска со дилемата зошто се оди со опцијата да се задолжува државата на домашниот пазар во услови на другите поевтини извори за финансирање потенцираше дека тоа е план за крај на година на дефицитот и оти тоа моментно е поевтино и од меѓународните финансиски институции кои се поврзани со Еурибор што е над 4%. На домашниот пазар задолжувањето е под тој процент, односно домашното задолжување е поевтино дури од Еурибор.

    – Мораме да имаме простор да најдеме во која рамка може да се движиме. Во однос на задолжувањето тоа е рамка во која ние може да се движиме во управувањето на јавниот долг. Тоа што е важно за граѓаните е дека дефицитот остана ист и со релокацијата на средства расходите не се зголемуваат. Се прави релокација на средства за да се адресираат сите работи кои се случија во меѓувреме, пораст на платите во јавниот сектор, обезбедување средства за лекови во здравство, пензии и други работи – рече Бесими.

    Владината одлука со која се менува одлуката од декмеври лани за утврдување на максимален износ за нето задолжување преку домашниот пазар е донесена на 10 октомври и е  објавена и во Службен весник.

    „Врз основа на член од Законот за јавен долг, Владата на седницата одржана на 10 октомври 2023 година донесе Одлука за изменување на одлуката за утврдување на максималниот износ на нето-задолжување, преку издавање на државни хартии од вредност на домашниот финансиски пазар во 2023 година. Во Одлуката, зборовите 21.535.000.000 денари (350 милиони евра) се заменуваат со зборовите 30.920.000.000 денари (502 милиони евра). Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во “Службен весник“, се вели во новата одлука.

    На крајот на вториот квартал од 2023 година јавниот долг изнесува 2,86 милијарди евра.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img