More

    За неколку дена ќе почне сликање за документи без закажување

    spot_img

    Министерството за внатрешни работи е во завршна фаза за средување на пункт, кој треба да се стави во функција за издавање лични документи. До сабота треба да завршат сите подготовки на просторијата за да почнат со работа вработените, а граѓаните да бидат услужени, истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој одговараше на новинарски прашања, по отворањето на новиот објект за форензички испитувања во МВР.

    – Очекувам веќе од сабота или од понеделник, во зависност како ќе бидат подготвени, да можеме да го ставиме објектот во функција. Се подготвуваме да направиме две смени во и да има добра динамика за граѓаните – изјави Спасовски.

    Тој додаде дека на сите групни домови, старски домови им е дадена можност да се пријават и во неколку од нив веќе е завршено земањето податоци за издавање на новите лични документи.

    Во следниот период ќе има и таргетирани групи граѓани за менување на личните документи. Спасовски очекува до крајот на годината или до почетокот на јануари да заврши земањето податоци во сите објекти, во кои тоа може да се направи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img