Силјановска откри чудно однесување на министер во скандалот „Онкологија“

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Професорката и пратеничка Гордана Силјановска Давкова открива чудно однесување на екс владин министер во огромен скандал, бидејќи во 2020 година го променил медицинскиот директор, но не и економскиот.

Таа прашува зошто екс министерот за здравство од Алијансата за Албанците Беким Сали кој знаел за криминалот на клиниката за онкологија го сменил менаџерот кој се грижел за медицинските работи, а го оставил да менаџира директорот кој се занимавал со економските теми.

– Како член на Анкетната комисија за скандалот (трагедијата) на онкологија, забележувам дека бившиот министер Беким Сали го разрешил медицинскиот директор, но не и економскиот. Зошто? – прашува меѓу другото Силјановска во дебатата на анкетната комисија за случајот на Онкологија.

Силјановска не зборува за етничката припадност на двајцата директори, но случајно или не медицинскиот директор е Македонец а економскиот Албанец.

На овој линк можете да го погледенете целото видео на Силјановска во кое таа ја искажува својата анализа за скандалот на Онкологија.

Share This Article