More

    Еве каква честитка доби српскиот кошаркар за новиот „трипл-дабл“

    spot_img

    Шекил О’Нил приреди мал перформанс во чест на Никола Јокиќ по мечот во кој Денвер ги совлада Лејкерси на отворањето на новата сезона во НБА.
    Со „трипл-дабл“ учинок во првиот натпревар од сезоната, Јокиќ ги воодушеви навивачите на Денвер, а не остана рамнодушен ни легендарниот Шекил О’Нил, кој секако ја искористи приликата да покаже за каков шоумен е.
    Јокиќ по мечот имаше интервју со „ТНТ“ екипата во која долги години заштитно лице е Шакил О’Нил.

    Шек го воодушеви и самиот Никола кога уште на почетокот на разговорот му кажа дека го сака – на српски.
    -Да ти кажам нешто, брат – те сакам! – рече Шек со цврст српски акцент.
    Водителот на емисијата Ерни Џонсон не ги разбра изговорените зборови, О’Нил веднаш му ги преведе, а потоа продолжил да ги кажува се погласно и погласно.
    Тој во екстаза ја крена раката, ги „крена“ и присутните фанови.
    „Те сакам, те сакам, те сакам“ – скандираше Шек и ја разгоре толпата фанови на Денвер зад импровизираното студио во салата и измами задоволна насмевка кај Никола Јокиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img