Српската Царинска управа соопшти дека на преминот Хоргош со Унгарија биле спречени да се прошверцуваат 360 креми за лице, вредни речиси 5.500 евра.
Во соопштението се наведува дека кремите од марка „Ревиталифт ласер Х3“ биле во багажник на автомобил и биле пронајдени на влезот во Србија.
Со автомобил за Белград патувале четворица патници од Белгија, кои на цариниците им рекле дека немаат што да пријават освен личниот багаж.