More

    Два плана за еврејска држава надвор од Блискиот Исток пропаднаа во раниот 20 век

    spot_img

    Соседна Албанија не е единствената територија каде бил планирано формирање на независната држава Израел уште во 1930-тите, како што Плусинфо веќе пишуваше. Уганда во источна Африка, но и сибирската област Биробиџан на границата на Русија со Кина биле опции за кои сериозно се размислувало. На тие места, веќе постоеле големи еврејски заедници, а причините зошто биле „пикирани“ овие локации лежат и во интересите на големите сили.

    Во првиот случај, кој е и постар, британската колонија Уганда била предложена за формирање на еврејска држава од страна на британскиот колонист Џозеф Чембрлен. Идејата била претставена во 1903 година на конгрес во Базел како начин Евреите да избегаат од зголемениот антисемитизам во Европа. Дел од ционистите, но и луѓето во Уганда, биле против.

    За Британците интересот бил да се заштити комерцијалната супериорност на Британија, наспроти Германија и Франија и да се победи во војната со трговија со робови. Тие веќе пробувале да ја контролираат Источна Африка преку Индија, односно Источната Индиска Компанија. Дури и изградиле железница во Уганда, но парите од инвестицијата не им се вратиле како што очекувале. Набрзо почнала и Англо-бурската војна во Јужна Африка со што се пренасочило вниманието.

    Во декември 1904 година, ционистичката организација испрати специјална комисија составена од експерти и инженери во Гуас Нгишу за да процени дали условите се погодни за еврејско населување. Нивните мислења биле мешани. Истовремено, се смета дека тоа што белите доселеници во Источна Африка се противеле е главната причина Британците да ја повлечат понудата.

    Но, можеби уште поинтересна е идејата за формирање еврејска држава во Биробиџан, област во Сибир во Русија, на границата со Кина во 1920-тите години. Областа била признаена како еврјеска и автономна во 1928 година со декрет на Владимир Илич Ленин. До 1940-тите таму бројот на Евреи се зголемил на 50.000, односно секој четврт човек бил Евреин, но во 2021 година, според пописот, таму останале само 837 етнички Евреи.

    Членот 65 од Уставот на Русија предвидува дека ЈАО е единствената автономна област на Русија. Тоа е една од двете официјално еврејски јурисдикции во светот, а другата е Израел. Зошто СССР ја дава единствената автономна област на Евреите и зошто воопшто формира автономна област?

    Ленин сакал да ги смири малцинските групи по доаѓањето на комунизмот. Некои од Евреите биле марксисти, но се спротивставиле на болшевизмот од религиски причини, односно биле против атеизмот во СССР. Идејата била да им се даде територија каде Евреите ќе водат начин на живот „социјалистички по содржина и национален по форма“.

    Русите сакале да понудат алтернатива на ционизмот, кој бил популарен во светот во тоа време, особено меѓу националистичките движења – нешто што е спротивно на мултиетничкиот карактер на СССР. Истовремено, ова било начин да се оправда руската поддршка за Британскиот мандат од 1918 година, односно палестинската држава под британска управа.

    Ситуацијата се менува од корен по Втората светска војна кога во 1947 година во Обединетите Нации мнозинството земји гласаат план за поделба на Израел според кој Палестина би била независна на територијата на тогашниот Британски Мандат. Оваа територија ги вклучувала денешниот Појас Газа и целиот Западен Брег и претставува 44 отсто од територијата на денешен Израел.

    Планот бил прифатен од Евреите, но Палестинците го одбиле.

    Ерусалим, според договорот би бил посебен регион администриран од Обединетите Нации.

    Оттогаш до денес,  најмалку десетина пати биле правени дипломатски напори за решавање на проблемот во разни периоди од 20 век.

    Последниот план на поранешниот американски претседател Доналд Трамп го вклучуваше предградието Абу Дис од Источен Ерусалим како главен град на Палестинската држава, додека поголемиот дел од Ерусалим би останал во рацете на Израел. Тој предвидуваше Палестинците да имаат своја полиција, но не и војска.

    Планот беше критикуван дека е во полза на Израел, особено делот кајшто на Израел му е дозволено да задржи контрола врз стратешките населби од Западниот Брег. Исто така, некои сметаат дека територијата на Палестина која е предложена е премногу фрагментарна и дека вклучува некои необични рокади.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img