More

    Полицијата бара помош од граѓаните, објавена е фотографија од пукачот во „Ист Гејт“

    spot_img

    Министерството за внатрешни работи (МВР) објави фотографија од лицето кое денеска пукаше и повреди две други лица во просториите на трговскиот центар „Ист Гејт“, па како што е наведено во соопштението, полицијата ги замолува граѓаните да пријават доколку го забележат овој човек.

    „Во врска со пукањето кон две лица од огнено оружје кое беше пријавено денеска (24.10.2023) во трговскиот центар Ист Гејт во Скопје, кои се здобиле со повреди и се пренесени во болница за укажување помош, МВР ја информира јавноста дека на фотографијата обезбедена од полициските служби е лицето што го изврши кривично-правниот настан. Притоа, ги повикуваме сите граѓани доколку го забележат ова лице, имаат било какви сознанија за него или корисна информација која може да помогне во истрагата која СВР Скопје ја води во координација со Јавен обвинител, веднаш да известат во најблиската полициска станица или да пријават на  телефонските броеви 192 или 112“, се вели во полициското соопштение.

    Претходно беше објавено и видео од самиот инцидент.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img