More

    Покренати обвиненија за двајца скопски дилери

    spot_img

    Основното јавно обвинителство Скопје поведе истраги против две лица за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик.

    Во првиот случај, 42-годишен скопјанец е осомничен дека во периодот од мај до октомври годинава, на вториот кат во куќата во која престојувал на улицата „Тиранска“, опремил простории за одгледување и сушење на канабис, набавил семки од растението и го одгледувал, со цел неовластено производство на наркотична дрога – марихуана и хашиш.

    При претрес во домот биле пронајдени 291 стебло канабис со поединечна висина од 10 до 33 сантиметри, засадени во посебни саксии во просториите каде биле инсталирани системи за наводнување и за вештачко одржување на светлина и температура.

    Против 32-годишен скопјанец, пак, истрага е поведена затоа што на паркинг пред зграда во Влае неовластено пренесувал амфетамин со вкупна нето маса од 2048,2 грама, како и 2,17 грама кокаин и осум таблети МДМА – 3,4 метилен диоксиметамфетамин. Дрогата ја оставил во заграден простор наменет за канти за собирање смет и се оддалечил, но полициските службеници го сопреле и ја заплениле дрогата.

    За двајцата осомничени до Основниот кривичен суд Скопје се доставени предлози за определување мерка притвор, бидејќи надлежниот јавен обвинител оцени дека се исполнети законските основи за притворска мерка како неопходна за непречено водење на кривичната постапка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img