More

    Кои македонски компании се најдоа меѓу најдобрите?

    spot_img

    Две компании од земјава се најдоа на ранг листата „ЈИЕ ТОП 100“ на најголеми компании во Југоисточна Европа во 2022 година, објавена денес од „СиЊуз“ (SeeNews).

    Хемиската компанија „Џонсон Мети“ е рангирана на 30. место со вкупни приходи од 2,5 милијарди евра, пораст од 19% во однос на претходната година. На листата се најде и рафинеријата „Окта“, која е на 99. место.

    Најголемиот романски производител на нафта и гас, OMV Petrom , ја задржа својата прва позиција втора година по ред, со промет од 13,4 милијарди евра и профит од 2,1 милијарди евра.

    Втора на списокот е словенечката компанија„Petrol “, а трета исто така словенечка компанија „Holding Slovenske Elektrarne“. Во првите пет е и романската OMV Petrom Marketing SRL и Automobile-Dacia исто така романска компанија.

    „Секторот за нафта и гас, поттикнат од загриженоста за енергетската безбедност и растот на глобалните цени, забележа исклучителни перформанси. Нивната комбинирана продажба го надмина секторот на електрична енергија за двојно повеќе, генерирајќи 39% од вкупниот приход на ТОП 100 учесници во ЈИЕ, се вели во извештајот.

    „ЈИЕ ТОП 100“ ги рангира најголемите компании во Југоисточна Европа според вкупни приходи за фискалната година која заврши на 31 декември 2022. Публикацијата вклучува и ранг листи на најголемите банки и најголемите осигурителни компании во регионот.

    -Покрај геополитичките турбуленции, високата инфлација и намалената побарувачка, најголемите компании во Југоисточна Европа имаа двоцифрен раст во приходите и профитот во 2022 – се наведува во извештајот за рангирањето „ЈИЕ ТОП 100“.

    Топ 100 компании во Југоисточна Европа ја затворија 2022 година со комбиниран приход од 223,9 милијарди евра, што бележи забележителен пораст од 46% во однос на претходната година. Нивниот профит исто така нагло порасна за 61%, достигнувајќи 10,3 милијарди евра. Прагот за влез во рангирањето значително се искачи на 975,6 милиони евра, што е доказ за растот и силата на најголемите компании во Југоисточна Европа.

    SEE TOP 100, објавено од SeeNews, е единственото годишно рангирање на најголемите компании, банки и осигурителни компании во Југоисточна Европа. Освен врвните рангирања на компании, банки и осигурителни компании во регионот, овогодинешното издание го опфаќа и комбинираниот раст на нето добивката на водечките банки во регионот на ЈИЕ од 2022 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img