More

    Германските училишта и радио станици добиваат закани за бомби

    spot_img

    Во Германија и денеска неколку училишта и радио станици добија закани за бомби и насилни напади. Некои од заканите би можеле да бидат поврзани со палестинското екстремистичко движење Хамас. Слични закани на неколку институции имаа и во понеделникот.

    По серијата закани со бомби кои во понеделникот погодија најмалку седум германски училишта и радио станицата ЗДФ, денеска повторно се појавија закани за бомби и напади во неколку училишта и радио станици.

    Средно училиште во Баварија утрово е евакуирано откако добило втора закана за бомба. Според полицијата, заканата дојде преку е-пошта и може да биде поврзана со Хамас.

    Во градот Ерфурт примени се закани во три училишта. Тие не беа поврзани со бомби, туку со насилство. Полицијата се уште не извршила увид во училишната зграда.

    Во меѓувреме, во сојузната држава Тирингија, радио центар во кој се сместени три радио станици – Antenne Thüringen, Landeswelle Thüringen и Radio Top40, беше евакуиран откако доби закана за бомба преку е-пошта, која полицијата соопшти дека ја испратил Хамас.

    Во Германија, веќе во понеделникот, неколку училишта добија закани, меѓу кои во Баварија, Баден-Виртемберг, Северна Рајна-Вестфалија, Саксонија и Тирингија. Поради закана за бомба, на кратко е евакуирано и седиштето на германската радио и телевизија ЗДФ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img