ДУИ треба да се „апдејтира“ и да оди во опозиција, изјави министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу во емисија на ТВ21.
– Треба да ја актуелизираат опозицијата, опозицијата е здрава – рече Алиу во синоќешната емисија „Клик плус“.
Тој рече дека неговата партија Алијанса за Албанците како политички субјект воопшто не зажалила што станала дел од Владата.
– Пишман не сме, само требаше повеќе да се трудиме отколку да имавме 4-годишен мандат – посочи Алиу.
Според него, да се биде дел од Владата во последната година од нејзиниот мандат подразбира многу повеќе да се работи.
ТВ21 денеска го праша министерот за надворешни работи Бујар Османи за став, а тој истакна дека во Влада немаат никакви разлики.
– Во Влада немаме никакви разлики, најсоодветно комуницираме соработуваме сите министри дали Алијанса, дали ДУИ, дали СДСМ, така да апсолутно немам приметено никаква разлика во ставови или забелешки по однос на било кој од работењето на коалициските партнери и мислам дека тоа е важно, останатото нема да го коментирам – изјави Османи.