More

    Некој на Блискиот Исток се спрема за војна, некој за заплашување

    spot_img

    Една од причините зошто Израел ја одложи офанзивата во Газа може да биде зајакнувањето на подготовките за ескалација на северниот фронт, пишува Економист. Дали „бурето барут“ на Блискиот Исток ќе биде запалено од „оската на отпор“ која ја финансира Иран или обратно? Според иранскиот министер за надворешни работи фитилот го држат локалните автократи.

    Од копнена офанзива на Израел стравува и Либан, особено од фактот што Израел би можел да го исористи американското покритите како алиби за нападот.

    Во меѓувреме САД распоредија и втора нападна група војници на носач на авиони во близината на Израел. Групата ќе биде предводена од „УСС Ајзенхауер“ во Персискиот Залив. На 22 октомври дури и Антони Блинкен, американскиот државен секретар, призна дека „постои веројатност за ескалација“ и дека „не сакаме да видиме развој на втор или трет фронт“.

    Извори од израелската власт постојано уверуваат дека инвазијата нема да се одложи. Последна ваква изјава даде дури и израелскиот министер за енергетика за германски „Билд“.

    Целта на Иран не е војна туку заплашување?

    Од друга страна, целта на Иран, според Економист, не е да предизвика директна војна со Западот и неговите сојузници, туку да сее несигурност и нестабилност, како што беше во изминатата деценија. Исто како што беше на работ да стане нуклеарна сила, Иран на тој начин одржува таканаречена стратешка двосмисленост, се вели понатам во текстот.

    На пример, Иран негираше дека ги снабдува и обучува Хутите од Јемен и дека ги искористи како фронт за извршување на напади, каков што беше ракетниот напад во 2019 година врз Саудиска Арабија, кој привремено направи да секне 5% од глобалното производство на нафта.

    Хезболах и останатите ќе бидат жртвени јагниња 

    Прашање е дали Иран ќе може да ги контролира своите „прокси-војни“ – војни преку грбот на други земји. Според иранските власти, сирискиот претседател Башар Ал Асад му рекол на Хезболах, паравојската од Либан дека не сака да се бори на нивна страна бидејќи тие него го предале претходно во 2011 година.

    Додека лидерот на Хезболах, Хасан Насрала, одбиваше да ѝ се обрати на јавноста од својот бункер, премиерот на Либан рече дека „одлуката за војна и мир“ е надвор од негови раце.

    И ако овие земји „полномошнци“ на Иран го нападнат Израел, односно американските интереси, најверојатно САД првенствено ќе им се одмазди нив, се вели во статијата.

    Иран не може да поднесе изолација, „воведете ембарго за Израел!“

    Иран очигледно има корист од нападот на Хамас врз Израел со кој започна војната на 7 октомври, се вели понатаму во статијата. „Ескалацијата во Газа ги прекина, па нека е и само привремено, разговорите за нормализирање на односите меѓу Израел и Саудиска Арабија. Секој таков договор ќе означи дополнителен чекор во Абрахамскиот договор со кој Бахреин, Мароко, Судан и Обединетите Арапски Емирати воспоставија дипломатски врски со Израел од 2020 година.

    Иранските шиитски ајатоласи не можат да ја поднесат идејата да бидат изолирани додека муслиманските држави предводени од сунитите и Израел повеќе соработуваат. На состанокот на муслиманските министри за надворешни работи во Саудиска Арабија на 18 октомври, Иран ги повика муслиманските земји да воведат ембарго за нафта кон Израел.

    Бајден преќутно му дозволи на Иран да извезува повеќе

    Нафтата поскапи за повеќе од 5 долари за барел од почетокот на војната. Америка е желна да ја намали инфлацијата пред нејзините избори следната година и премолчено му дозволи на Иран да извезува повеќе нафта, и покрај официјалното задржување на санкциите.

    – Тие ирански барели се многу важни“ за Џо Бајден – вели Ахмед Мехди, нафтен аналитичар со седиште во Лондон. Производството надмина 3 милиони барели дневно, што е највисоко ниво откако администрацијата на Трамп воведе санкции во 2018 година. Од година во година, вели gMehdi, извозот се зголемил за повеќе од една третина.

    Внатрешен пуч или војна надвор?

    Внатре во Иран, луѓето се гневни на последните години од владеењето на претседателот Ебрахим Раиси. Тие паметат како смртта на иранска ученичка која беше претепана до смрт од полицаец во јавноста беше претставена како мозочен удар. Ова може да ги оживее протестите. На многу луѓе во Иран им се смачено од војната во Израел – тие не сакаат Палестинците да страдаат.

    Пред само еден месец Иран ја прославуваше помошта од шест милијарди американски долари за сега повторно да се влошат односите. Во времето на Трамп, ајатолахот Али Хамнеи го благослови тоа што Трамп се повлече од нулеарниот договор.

    Па сепак, сега изгледите за поширока војна се поверојатни од кога било претходно.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img