Канадското Министерство за одбрана, врз основа на своја разузнавачка анализа, тврди дека Израел не го извршил нападот на 17 октомври врз болницата Ал-Ахли во Газа, во кој загинаа 471 лице.
„Независна анализа на разузнавачката команда на канадските сили укажува со висок степен на сигурност дека Израел не ја нападнал болницата“, се вели во соопштението.
Канадското министерство истакнува дека експлозијата најверојатно била предизвикана од заталкана ракета истрелана од Газа.
Наодите на Канада се слични на оние на Франција и САД.