Влатко Ѓорчев вели дека ќе останеме без народ

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Бројките за иселување кои ги слушаме ја даваат тажната и ужасната слика на исчезнување на Македонија. Македонија станува земја без народ, територија без население, а нема држава без народ, нема училишта без ученици, нема економија без луѓе и нема ништо ако нема деца. А нас како никогаш во историјата изминативе 6-7 години ни снемува деца, млади и ни снемува детски плач – изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев на дебатата во Пехчево насловена „Иселување и демографија предизвик за Македонија“ во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“.

Ѓорчев истакна дека причините се бројни, но Македонија никогаш немала покатастрофална власт.

– Оваа власт на Заев, Ковачевски и Пендаровски буквално ја уништува Македонија. Ние сме земја која секогаш имала иселување, имало печалба, гурбет, луѓе кои од помалите места оделе за Белград, Германија, прекуокеанските земји, но ваква катаклизма немало никогаш. Пред да дојде живот како што велеше Заев, во 2016, имавме 23.000 бебиња, а минатата година имаше историски најмалку 18.027. Ниедна земја во светот немала таков пад – нагласи тој.

Ѓорчев посочи дека економската политика апсолутно игра улога, луѓето бегаат, креваат раце, старите остануваат сами, нема кој да ги гледа, младите заминуваат во Италија, Германија, во скандинавските земји …

– Во првиот квартал оваа година родени се само 3.600 деца, а во 2016 година родени се 5.600 деца. Тоа се 100 паралелки помалку со деца. Ако ги погледнете бројките падот е 40%. Нам ни се случува рецесија на животот, на Пендаровски, Ковачевски, Заев око не им трепнува. Во една општина – Зрновци, првото дете се роди во октомври, до толку е лошо. Во општина Зрновци во 2016 имало 20 деца. Има одговорност за тоа. Не може да бидеме рамнодушни на тоа. Оние кои ова и го приредија на Македонија треба да ги набркаме, Македонија сака и мора да опстане – изјави Ѓорчев.

Тој нагласи дека не се само помалите места соочени со истиот проблем.

– И во поголемите градови е исто, на пример во Центар, 4 школи не може да наполниме со деца, паднати сме на 15-16 ученици во паралелка. Си заминуваат добростоечки семејства, жестока неправда и се случува на Македонија. Мораме да застанеме на нозе, мораме на овие некадарници да им кажеме „пријатно“ и Македонија да ја креваме на нозе – истакна Ѓорчев.

Share This Article