Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара власта да се извини пред јавноста

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

ВМРО-ДПМНЕ бара извинување од власта за случајот „Делчевски ниви“ кој како што посочуваат бил „намерно конструиран“ за да им се нанесе штета.

„Ако е останата барем една трошка морал во оваа власт, треба веднаш да се извини на ВМРО-ДПМНЕ, за овој случај, кој намерно беше конструиран, за да нанесе штета на партијата.

Самото обвинителство, кое е под контрола на ДУИ и СДС, се откажа од овој случај, поради недостиг од докази, а со тоа се докажува за колку беспредметен случај се работи.

Како што констатира самото обвинителство дека од истражната постапка, не произлегоа ниту материјални, ниту вербални докази, кои би го потврдиле основното сомнение, дека делата, кои им се ставаат на товар на осомничените, се кривични дела, за кои, се гони по службена должност, односно произлезе дека пријавените не презеле дејствија, кои ги сочинуваат битијата на пријавените кривични дела.

Чекаме извинување од власта пред граѓаните, кои се обидоа истите да ги доведат во заблуда, измислувајќи и монтирајќи непостоечки случај“ – стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Share This Article