Либанскиот министер за надворешни работи Абдaлаh Бу Хабиб упати предупредување до Израел за можни нови напади од Хезболах, либанската милитантна група која, како што вели, либанските власти не може да ја контролираат.
Хезболах, либанската милитантна група означена од САД како терористичка организација, речиси секојдневно разменува оган преку границата со Израел. Додека либанските лидери велат дека не сакаат да бидат вовлечени во војна, Хезболах, кој е поддржан од Иран, има значајна политичка моќ и поддршка во земјата.
– Ние не сакаме војна… но ситуацијата е надвор од контрола – изјави Бу Хабиб за Си-Ен-Ен.
Тој нагласи дека се ќе зависи од тоа што ќе се случува во Газа.
-Хезболах не сака војна, но, мислам, не можете да ги контролирате. Сè зависи, повторно, од тоа што ќе се случи во Газа, од инвазијата на Израел на Газа. Штетата би била огромна и за Израел, како и за нас – предупреди либанскиот министер за надворешни работи, повикувајќи го Израел да прогласи прекин на огнот во Газа.
– Сите овие сили на отпорот имаат многу оружје и ќе го користат – посочи Бу Хабиб.