Легендарниот англиски фудбалер, Боби Чарлтон, почина денеска на 86-годишна возраст

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Легендарниот англиски фудбалер, Боби Чарлтон, почина денеска на 86-годишна возраст, објави Манчестер јунајтед.

Сер Боби Чарлтон беше светски фудбалски шампион со Англија во 1966 година и добитникот на Златната топка истата година, беше херој и миленик на милионилуѓе низ целиот свет.

„Нашиот клуб жали за смртта на Сер Боби Чарлтон, еден од најголемите и најомилените играчи во историјата на Манчестер јунајтед. Сер Боби беше херој за милиони луѓе, не само во Манчестер или Велика Британија, туку и низ целиот свет каде што се игра фудбал. Клубот изразува искрено сочувство до неговата сопруга Лејди Норма, неговите ќерки и внуци и сите кои го сакаа“ – се вели во соопштението на клубот.

Чарлтон е производ на академијата на Манчестер јунајтед. Во текот на 17 години со клубот, тој одигра 758 натпревари и постигна 249 гола, го освои Европскиот куп, три англиски првенства и националниот куп.

Боби Чарлтон одигра 106 натпревари и постигна 49 гола за Англија и го освои Светското првенство во 1966 година. По пензионирањето, тој работеше за Манчестер јунајтед 39 години како клупски директор.

Share This Article