Американците и ги доставија последните тенкови Абрамс во Украина и тие се подготвени за употреба, но тешко е да се очекува дека ќе направат значителна разлика во однос на враќањето на окупираната територија.
Се чини дека оваа можност е пропуштена бидејќи повеќемесечната контраофанзива не ги исполни зацртаните цели и тенковите во овој момент не можат да го направат пробивот на кој се надеваа Украинците кога почна.
Но, проблемот е што Американците не беа во тек со испораката која беше ветена уште во јануари годинава. Ги има вкупно 31, а првиот пристигна дури на крајот на септември. Да беа испорачани за контраофанзива, можеби нејзиниот исход ќе беше поинаков.
Сега останува на Украина да одреди кога и каде да ги распореди овие капацитети, пишува Newsweek. Иако овие тенкови се засилување за украинските сили, експертите се согласуваат дека количината, времето на испорака и проблематичната логистика ја намалуваат нивната важност за Украина.
„Не можат да направат разлика, се чини дека е доцна за оваа година. Јасно е дека војната нема да заврши оваа година. Но, ние сме многу благодарни за донираните тенкови“, нагласи Олексеј Гончаренко, пратеник во украинскиот парламент.