Мицкоски бара химната да се интонира во сите општини

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Секој граѓанин треба да покаже почит кон еден од основните симболи на државата во која е роден, која му овозможила да се образува, да формира семејство и во неа живее, изјави денеска претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Одговарајќи на прашање дали во сите општини каде градоначалниците се од ВМРО-ДПМНЕ ќе се интонира македонската химна, тој рече дека ова прашање не би го партизирал и смета дека тоа треба да биде пракса не само во општините каде што градоначалниците се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

– Мислам дека ова треба да биде политика, којашто ќе биде централизирана. Министерството за образование оваа политика ќе ја спроведе и мислам дека на целата територија на државата треба да има ваков начин на покажување почит кон државата, во којашто сите ние живееме и твориме – вели Мицкоски.

Тој апелира до министерот за образование ова да биде државна политика и да се реализира во сите општини, без разлика од која политичка партија и да се градоначалниците.

– Имаме држави, нашиот стратешки партнер САД, каде што има многу нации, сите стојат пред интонирање на американската химна и се горди кога ја слушаат американската химна и сите го почитуваат американското знаме. Така што оние кои не ги почитуваат националните атрибути на државата, во којашто живеат, тогаш навистина постои сериозен системски пропуст – вели Мицкоски по посетата на Општина Гази Баба.

Share This Article