Од јануари 2021 година до јуни 2023 година Министерството за информатичко општество и администрација потрошило 6,5 милиони евра за тендери на кои се јавувала најчесто само една фирма и таа ги добивала

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Од јануари 2021 година до јуни 2023 година Министерството за информатичко општество и администрација потрошило 6,5 милиони евра за тендери на кои се јавувала најчесто само една фирма и таа ги добивала. До овој податок дошол Државниот завод за ревизија анализирајќи 18 договори по случаен избор вредни 6,5 милиони евра. На 14, од разгледуваните 18 тендери, се јавила само една фирма. Исто така, во голем дел од постапките, сумата што била предвидена во планот за јавни набавки на Министерството за одредена набавка, била сосема иста со сумата што ја понудила одредена компанија!?

Министерот за информатичко општество, Азир Алиу, кој денес на прес-конференција ги презентира наодите на ревизорите, вели дека во следниот период ќе бара начин да ги поттикне компаниите да даваат свои понуди на огласите.
– Од една страна, одредени компании сами креираат политики врз основа на своите бизнис интереси, додека од друга страна голем дел од компаниите, поради одредени причини, не се јавуваат на јавните повици на државните институции. Секако ова влијае на конкурентноста и можноста за поголем избор, односно државните институции се принудени да плаќаат повисоки цени поради малата понуда од компаниите. Затоа, потребно е целокупно системско решение кое ќе ги спречи сите обиди за злоупотреба и ќе ја зголеми понудата на добра и услуги кон државните институции – рече министерот Алиу.

Претходно, во Клубот на пратеници министерот Алиу имаше средба и со претставници на бизнис заедницата и на стопанските комори на која ги пренесе проблемите со кои се соочуваат државните институции

Алиу апелира дека доколку сакаме Северна Македонија да стане членка на Европската Унија, тогаш мора отворено да се зборува за сите проблеми на овој пат.

Share This Article