Една од најубавите жени во светот, рускиот топ модел Ирина Шајк прошета облечена во црно од глава до пети, со неочекувано друштво.
Ирина Шајк беше фотографирана додека ги извршуваше секојдневните активности. Жената на која апсолутно сè и прилега совршено, без разлика дали станува збор за раскошна тоалета или обични панталони и блуза, дали е разголена или закопчана од глава до пети… Едноставно, таа оправдано ја носи титулата – една од најпосакуваните и најубавите жени во светот.
Славната манекенка прошета низ Њујорк во едноставна и опуштена црна облека од глава до пети – во лежерна маица и широки панталони.
На нозете имаше модел на патики „Адидас“ кои се распродадени речиси насекаде, а стајлингот го заокружи со очила за сонце и најпопуларната чанта на светот – познатата „Биркин“ од модната куќа „Ермес“.
Не е чудно што оваа убавица ги има најскапите парчиња, но неочекувано е што во чантата, покрај личните работи, го носи и својот домашен миленик, кој очигледно ужива во луксузен живот.
ФОТО: Инстаграм