Италијанскиот премиер Џорџо Мелони во петокот изјави дека се разделила од нејзиниот партнер, телевизискиот новинар Андреа Џамбруно, кој наиде на критики во последните недели поради сексистички коментари во јавноста.
Мојата врска со Андреа Џамбруно, која траеше речиси 10 години, завршува тука“, напиша Мелони на Фејсбук. „Нашите патишта се разделија веќе некое време и време е да го признаеме тоа“, додаде таа.
Двојката има ќерка родена во 2016 година.
Џамбруно е водител на информативна програма емитувана од Mediaset, дел од медиумската група MFE во сопственост на наследниците на покојниот Силвио Берлускони, поранешен премиер и сојузник на Мелони.