More

    Швајцарската десница чекор кон победа на изборите

    spot_img

    Десничарската Швајцарска народна партија (СВП) треба да стане најсилна на парламентарните избори во недела, а Зелените се најголеми губитници и покрај климатските промени кои се едно од клучните прашања за гласачите.

    Според анкетата на Институтот Сотомо, 36 отсто од испитаниците веруваат дека климатските промени се второто најважно политичко прашање по премиите за здравствено осигурување кои ги вознемируваат гласачите поради високите трошоци за живот.

    Поместувањето на гласачите надесно е отстапување од „зелениот бран“ кој ги одбележа изборите во 2019 година, а според истото истражување Зелените треба да изгубат 3,5 отсто и да паднат на 9,7 отсто од гласовите. Од друга страна, СВП треба да добие 2,5 отсто повеќе и да освои 28,1 глас.

    Резултатите не се очекува значително да ја преобликуваат швајцарската влада – Федералниот совет – во кој седум министерски позиции се поделени меѓу четири партии. Поради ова, досегот на политичките промени ќе биде ограничен.

    Рето Фоелми, професор по економија на Универзитетот Св. Гален, сепак, очекува промена на тонот и фокусот на политичката дебата. „Кога станува збор за климатските промени, владата и парламентот помалку ќе инсистираат на прашањето за гасот…и ќе бидат построги по прашањето за миграцијата“, рече тој.

    Социјалдемократите треба да ја зацврстат својата позиција како втора најсилна партија со 18,3 отсто од гласовите, според анкетите, додека Либералите и Мите (централна партија) треба да добијат по околу 14 отсто, па битката меѓу нив ќе се води за третото место.

    Политичкиот аналитичар Мајкл Херман од Институтот за истражување на мислењето Сотомо смета дека гласачите станале недоверливи во агендата на Зелените. „Климатското прашање е преголемо за една толку мала земја, така мислат некои гласачи“, вели Херман.

    Делфин Клопфенштајн Броџини, еден од кандидатите на Зелените за место во Горниот дом на парламентот, смета дека геополитичките тензии одиграле улога во одвраќањето на гласачите. „Меѓународните прашања создаваат атмосфера на страв и некои партии ја искористија таа можност“, вели таа.

    Фокусот на СВП на ограничување на миграцијата и населението на Швајцарија од денешните 8,7 милиони на 10 милиони ги погоди гласачите, вели Херман.

    Селин Амаудруз, кандидатката на СВП за Горниот дом, рече дека војната во Украина и ескалацијата на насилството на Блискиот Исток потврдија дека партијата е во право што се фокусира на безбедноста во својата програма.

    „Ние сме кредибилни затоа што не ја менуваме нашата позиција“, рече Амаудруз за агенцијата Рутерс, нагласувајќи дека „Зелените ја плаќаат цената за нивната неодговорност кон контроверзните потези на радикалните климатски активисти“.

    Аналитичарот Херман е изненаден што темата за колапсот на банката Credit Suisse и нејзиното спасување во март била изоставена од кампањата.

    „Во тоа време тоа беше важно и големо прашање, многу емотивно и за кое многу се зборуваше, но денес тоа е само споредно прашање во изборниот процес.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img