Во Пекинг се одржува важен политички собир на шефови на држави и влади. Еден од државниците кои дојдоа во Пекинг е српскиот претседател Александар Вучиќ, а неговата „самоизолација“ уште еднаш ги забавуваше медиумите во источното соседство.
Имено, српскиот претседател некогаш бил сам на разни самити и не разговарал со други државници. Така на почетокот на годината во Давос седеше сам, одвоен од останатите учесници.
Коментарите на мрежите се урнебесни.
„Тој чека професорот да му се јави.
„Дајте му на Кинезот загатка, ако ја реши може да влезе.
„Секој нормален човек би разговарал со други лидери, само овој наш сам талка по ходниците.Кинеските медиуми објавија дека српскиот претседател одбил чај и продолжил сам да оди, пренесува Нова.рс.