Ален Исламовиќ ја започна својата кариера во „Дивље јагоде“, а потоа го смени бендот и почна да настапува со „Бијело дугме“, каде ги отпеа некои од нивните најголеми хитови како „Липе цвату“, „Ружица си била“, „Хајдемо у планине“…
Иако потоа започна соло кариера, „Бијело дугме“ често настапува во старата постава, а наскоро ќе го прослават и 50-годишниот јубилеј на групата. Сега на еден настан раскажа некои детали од младоста кога дошол во главниот град на Србија, пишува „24седам.рс“.
– Белград ми донесе многу убави работи. Јас бев воен полицаец во Скадарлија во 1978 година, па задолжително морав да дојдам овде по наредба на командата и да проверам војниците да не прават некој неред со цивилите. Како воен полицаец апсев војници кои правеа хаос низ Белград. Во текот на отслужувањето на воениот рок одлично го запознав Белград, ги знам улиците, па дури бев и обезбедување на големиот концерт на „Бијело дугме“ кој се одржа на стадионот на Партизан. Немаше некој што не беше таму, ги чував и Горан Бреговиќ, Жељко Бебек, „Прљаво казалиште“, групата „Тајм“ – рекол Исламовиќ и додал дека тогаш не можел ни да замисли дека ќе биде дел од легендарната група.
– Дојдов од мал град, Бихаќ, од кој произлегоа многу добри музичари. Меѓу другите, од таму се и членовите на „Дивље јагоде“, но јас таму бев бас гитарист. Тоа значи дека денес свирам, утре ме менуваат, а тоа никој не го забележува. Сè се смени кога ја напишав песната „Мотори“, докажав дека можам да стигнам до Манчестер Јунајтед (Бијело дугме).“