Изградбата на Парк во село Требеништа, со детско игралиште во склоп на спортскиот полигон кој ќе биде во функција за забава на најмладите жители и родители на Требеништа, како и околните села кои гравитираат во тој дел е во тек и се одвива според утврдената динамика за спроведување на проектот.
Во моментов на терен се изведени поголем дел од градежните активности кои се предвидуваат со проектот и во наредниод период ни преостанува целосно завршување на истите како и поставување на осветлување, поставување на детски реквизити играчки: вртелешка, играчка на федер, двојна клацкалка, двојна нишалка, единечна клацкалка, голем тобоган, единечна кула, спирален тобоган, мултифункционална куќичка како и поставување на урбана опрема клупи и корпи за отпадоци, хотикултурно уредување, со што би се добил современ изглед на целокупниот спортски простор како и би се подобрила можноста за социjално дружење на децата и родителите.
Средствата за изградба се обезбедени од страна на проектот за ,,Зајакнување на општинските совети”- Фаза 2 кој е финасиран од страна на Програма за развој на Обединетите нации (УНДП)
Со вкупна сума од 2.605,212 мкд од кои 1.953.909,00 мкд средства одобрени од страна на УНДП и 651.303,00 мкд обезбедни од буџет на општина Дебрца .