Американската новинарка со руско потекло Алсу Курмашева, уредничка во Радио Слободна Европа/Радио Слобода, е уапсена во рускиот град Казан

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Американската новинарка со руско потекло Алсу Курмашева, уредничка во Радио Слободна Европа/Радио Слобода, е уапсена во рускиот град Казан. Таа е уапсена затоа што не се пријавила како „странски агент“ додека ја посетувал Русија поради итен семеен случај, објави РСА.

Русија ја зајакна контролата врз медиумите од почетокот на инвазијата на Украина, принудувајќи голем број медиумски куќи да се затворат и прогласувајќи голем број новинари за „странски агенти“.

Курмашева е втор приведен новинар во Русија во 2023 година. Откако во март беше уапсен дописникот на Волстрит журнал, Еван Гершкович, обвинет за шпионажа, речиси сите американски новинари ја напуштија Русија. Стејт департментот ги повикува сите американски граѓани да ја напуштат земјата.

Алсу Курмашева, уредничка на Радио Слободна Европа/Радио Слобода (РСЕ), американска и руска државјанка, отпатувала во Русија на 20 мај поради семејни причини, јавува Ројтерс. Кога се обидела да ја напушти државата, била приведена и и‘ биле одземени пасошите. Таа е казнета затоа што не го регистрирала американскиот пасош.

Руските власти на 18 октомври објавија дека Курмашева, која работи од Прага, е обвинета затоа што не се регистрирала како „странски агент“, објави РСЕ. Овој назив, со конотации од времето на Студената војна, се користи во Русија за означување на организации, новинари, активисти, поп ѕвезди и писатели за кои се верува дека се политички ангажирани со странска помош.

Руската новинска агенција Татар-Информ тврди дека Курмашева собирала информации за руската воена активност. Таа се соочува со затворска казна до пет години.

РСЕ, со седиште во Прага и во Вашингтон, „промовира демократски вредности преку обезбедување точни, нецензурирани вести и отворена дебата во земјите каде што слободата на медиумите е под закана и дезинформациите се широко распространети“, стои во описот на медиумот. Финансиран е од американскиот Конгрес преку Светската агенција за медиуми. За време на Студената војна, РСЕ ги информираше слушателите зад Железната завеса. Тој медиум наведува дека вмешаноста на американската разузнавачка агенција ЦИА во неговата работа завршила во 1972 година.

Share This Article