More

    Одамна заборавениот антибиотик сега може да не спаси од некои бактерии

    spot_img

    Заборавениот антибиотик кој беше развиен пред речиси 80 години може повторно да помогне, овој пат во борбата против супербактериите отпорни на лекови.

    Стрептотрицинот беше изолиран во 1940-тите и покажа голем потенцијал во лекувањето на инфекции предизвикани од грам-негативни бактерии.

    За разлика од грам-позитивните бактерии, овие микроби немаат цврст клеточен ѕид каков што се насочени многу антибиотици. Наоѓањето алтернативи е еден од големите предизвици за фармацевтската индустрија.

    Во 2017 година, Светската здравствена организација објави листа на најопасните патогени отпорни на лекови. Повеќето беа грам-негативни бактерии.

    Сепак, и покрај неговиот потенцијал, стрептротрицинот беше отфрлен. Во првичната студија се сметаше за премногу токсичен за здравјето на бубрезите, а подоцна беше заборавен во научната литература.

    Имено, при првичните истражувања е утврдено дека е токсичен за човечките бубрези.

    Патологот Џејмс Кирби од Харвард и неговиот тим го „откопаа“ овој заборавен антибиотик, ги истражија неговите својства и го претставија под ново име – нурсеотрицин.

    „Со појавата на патогени отпорни на повеќе лекови, за кои има малку или нема достапни антибиотици за лекување, време е повторно да го разгледаме и истражиме потенцијалот на она што претходно го занемарувавме“, изјави Кирби за ScienceAlert.

    Норсеотрицинот се произведува од грам-позитивни бактерии од почвата. Тоа е всушност мешавина на антибиотици дадени поединечни имиња како што се стрептотрицин F и стрептотрицин Д (SD).

    Додека нурсеотрицинот и СД имаат токсичен ефект врз бубрежните клетки во лабораторија, Кирби и неговите колеги сега открија дека тоа не е случај со стрептотрицин Ф. Ова соединение сè уште е ефикасно во убивањето на грам-негативни бактерии отпорни на лекови, но во концентрации кои не се токсични.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img