Моделот, актерка и танчарка Таби Браун изненадно починала на 38 години. Тажните вести ги потврдил нејзиниот поранешен менаџер за странски медиуми, но причинта за смртта не ја открива.
Неочекуваната смрт ги погодило и нејзините блиски пријатели, како и колеги, кои на социјалните мрежи се простуваат во коментари на социјалните мрежи.
„Каква светлост беше, твојат надворешна убавина одговара и на внатрешната, така убава“, „Искрено сум шокиран и тажен што те нема“, „Почивај во вечниот мир, Таби“, се само некои од коментарите.
Инаку, Таби Браун е родена во Лондон и за време на кариерата била модел за „Космополитен“. Била позната и по тоа што била во врска со фубалерот Рахим Стерлинг.
„Сан“ пишува дека Таби првпат била видена со англискиот фудбалер Стерлинг во луксузен хотел во март 2016 година.
Таби се забавувала и со фудбалерот Балотели седум месеци откако се запознаа во ноќен клуб во 2011 година. Италијанецот ја додал за пријателка на Фејсбук и ја убедил да оди на состанок со него.