More

    Германски ФАЦ ги коментира скандалот со Онкологија и измените во Кривичниот закон

    spot_img

    Досега формално е осомничена само една медицинска сестра, но сомнежот е дека таа не може да биде единствениот виновник, пишува познатиот германски весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ за скандалот на Клиниката за Онкологија во статија која е насловена како „Корупција од името на ЕУ“. „Тоа беше скандалозно и за тамошните стандарди“, коментира ФАЦ во врска со скандалот, повикувајќи се на напис од „Фокус“ од август годинава.

    „Според истражувањето со кое, во меѓувреме се занимава и правосудството“, пишува понатаму ФАЦ, „на Клиниката за Онкологија во Скопје, наводно, биле систематски крадени скапи лекови и продавани на црниот пазар. За таа цел биле пронаоѓани фиктивни пациенти, на кои им се пресметувало лекување. На дел од вистинските пациенти им било давано плацебо, многумина починале. Во други случаи, семејствата на пациентите морале да ги купуваат лековите на црниот пазар, иако, согласно здравственото осигурување тие за нив требало да бидат бесплатни.“

    Овие откритија, наведува германскиот весник, само ја засилуваат праксата која се забележуваше и претходно:

    „Секој што треба да се подложи на важна медицинска процедура порадо ќе ги искористи последните заштеди или ќе земе кредит, за лекување во странство, отколку да се изложи на домашниот здравствен систем“, коментира весникот.

    Весникот заклучува дека „ветувањето на социјалдемократите при преземањето на владата во 2017 година, за одлучна битка со корупцијата, не е исполнето“.

    За поранешниот премиер Зоран Заев статијата вели:

    „Заев вети дека ќе расчисти со коруптивното наследство на неговиот претходник Груевски. Но, тешко ќе најдете некој во Северна Македонија кој смета дека ова ветување е исполнето. Напротив, мнозинството смета дека корупцијата на едната страна е заменета со корупцијата на другата“.

    Потоа се спомнува и поранешниот премиер Никола Груевски:

    „Груевски се претставуваше како тврд националист и ‘патриот’. Владејачките Социјалдемократи и нивните партнери од албанската етничка заедница се претставуваат како ‘про-европски’ и целосно ја насочуваат својата политика кон членство во ЕУ“.

    Весникот коментира дека владеењето на актуелниот премиер Димитар Ковачевски може да се именува како „корупција од името на ЕУ“, а на Никола Груевски како „корупција скриена со веење на македонското знаме“.

    „(…) Корупција од името на ЕУ, така може да се опише политиката на македонскиот премиер Димитар Ковачевски и неговиот тим“, констатира ФАЦ и го цитира поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров: „Никола Груевски го вееше македонското знаме, за да ги прикрие корупцијата и киднапирањето на државните институции. Актуелната влада го вее европското знаме, за да го прави истото“, пишува ФАЦ.

    Написот ги коментира и измените во Кривичниот закон кои ја разбрануваа македонската јавност. Статијата оценува дека претседателот Стево Пендаровски можел да го искористи правото на вето, но брзо ги потпишал измените со кои беа укинати или намалени казните за злоупотреба на службената должност:

    „Претседателот Стево Пендаровски можеше да го искористи своето право на вето, но тој веднаш ги потпиша измените. Но, ЕУ се спротивстави на обидот да биде злоупотребена од владата и претседателот како изговор за внатрешнополитички злоупотреби кои претставуваат назадување во борбата против корупцијата“.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img